Испечати

Лотус Бискоф сладолед торта

Лотус Бискоф сладолед торта

Состојки

  • 150г крем сирење
  • 400мл слатка павлака
  • 1 конзерва засладено кондензирано млеко (400мл)
  • 200г лотус намаз (околу половина тегличка)
  • 100мл топло млеко
  • 1 и пол пакување лотус колачиња
  • 2 лажички инстант кафе
  • 120мл топла вода

Подготовка

Преубава сладолед торта со специфичниот вкус на Лотус Бискоф колачињата (карамел и цимет).

Подготовка:

1. Кафето го мешаме со водата, додека убаво да се растопи и го оставаме да се олади во фрижидер.
2. Млекото го мешаме со намазот, додека да се соедини се убаво и смесата ја ставаме во фрижидер.
3. Кондензираното млеко го матиме со крем сирењето. Слатаката павлака ја матиме во посебен сад. Смесата со кондензирано млеко ја додаваме во слатката павлака и матиме кратко само додека се да се соедини.
4. Во подлабок сад, со димензии 22х12цм (јас користев долнавест сад за печење леб 30х12цм) прво ставаме тенок слој од сладоледот. Потоа посипуваме со разредениот лотус намаз, па редиме еден слој колачиња. Колачињата многу кратко ги натопуваме во кафе, па ги редиме. Потоа ја повторуваме постапката додека имаме материјал или додека собира во садот. Садот треба да е обложен со хартија за печење за полесно да се извади тортата. Завршуваме со слој колачиња и замрзнуваме преку ноќ.

5. Ја оставаме кратко на собна температура, потоа ја превртуваме на чинија и со помош на хартијата за печење ја извелекуваме.
Тортата е многу вкусна и кремаста.
*наместо лотус колачиња може да се користат други чајни колачиња со слична форма.
*наместо лотус намаз може да се користи карамел