Испечати

Бомбици со пудинг од јагода

Бомбици со пудинг од јагода

Состојки

  • 2 жолчки
  • 3 лажици рум
  • 4 пудинга од јагода
  • 4 лажици вода
  • 100 гр шеќер во прав
  • 100 гр маргарин
  • 4 пудинга од јагода
  • Глазура
  • 100 гр бело чоколадо +1 лажица масло
  • 100 гр црно чоколадо + 1 лажица масло

Подготовка

Подготовка:

1.Жолчките се матат со шеќерот во прав. Потоа се додава румот и водата и се става над пареа да се вари, додека стане густо.

2. Кога ќе стане густо се трга од ринглата и се става маргаринот и пудингот(во прав) и се меша да се спојат состојките. Се оладува.
3. Кога ќе олади смесата се прават бомбици кои се увалуваат во кокос, чоколадо, ореви. Јас ги глазирав во црна и бела чоколада со украсни перли.