Испечати

Чорба со пилешко и брокула

Чорба со пилешко и брокула

Состојки

  • 500 гр пилешко месо
  • 1 лажичка сув зачин
  • 1/2 лажичка црн бибер
  • 1 лажичка сенф
  • 1 кромид
  • 2 моркови
  • 200 гр печурки
  • 100 гр грашок
  • 1 брокула
  • оригано по вкус
  • 2 лажици брашно
  • 2 литра вода

Подготовка

Подготовка:

1. Од вечер, пилешкото месо се сечи на коцки се зачинува со сув зачин, бибер и сенф и стои во фрижидер цела вечер.
2. Во тавче на масло се пржи пилешкото, па се додава кромидот, сечканиот морков или рендан и на крајот печурките. Сето ова на тивко се пржи со долевање на малку вода.
3. Кога ќе омекнат состојќите се долева водата и во неа се става грашокот да се вари додека да омекне. При крајот се става брокулата и ориганото.
4. Се прави запршка со 2 лажици брашно и малку масло и се запржува чорбата и се вари уште 5мин.