Испечати

Сладолед торта со шумско овошје

Сладолед торта со шумско овошје

Состојки

  • 100г малини
  • 100г боровинки
  • 50г капини
  • сок од 1 лимон
  • 200г мармалад од малини
  • 1кг сладолед од ванила

Подготовка

Превкусна сладолед торта, лесна за подготовка.

Подготовка:

1. Малините ги обработуваме во блендер со половина од сокот од лимон. Додаваме 400г омекнат сладолед од ванила. Блендаме додека да добиеме еднолична смеса. Израмнуваме и префрламе во долгнавест калап (22цм) обложен со хартија за печење. Оставаме 2 часа во замрзнувач да се стегне.
2. Додаваме тенок слој мармалад од малини (100г). Оставаме 1 час да се стегне, па додаваме 200г сладолед од ванила, израмнуваме убаво и оставаме 2 часа да се стегне, па го додаваме остатокот од мармаладот од малини во тенок слој. Повторно оставаме 1 час во замрзнувач.
3. Боровинките и капините ги блендаме со остатокот сок од лимон. Додаваме 400г сладолед од ванила и блендаме додека да добиеме еднолична смеса. Го додаваме сладоледот со боровинки во калапот и замзрнуваме преку ноќ. Пред послужување треба да отстои 5-10 минути, на собна температура и со помош на хартијата за печење се вади од калапот на чинија.
На здравје!