Нутела сладолед на стапче
Состојки
- 120г нутела
- 60мл кондензирано млеко
- 120мл млеко
- 60мл слатка павлака
Подготовка
Подготовка:
1. Ги додаваме сите состојки во блендер и обработуваме додека да се изедначи смесата.
2. Истураме во калапи за сладолед и замрзнуваме преку ноќ. Неверојатно брз и лесен рецепт, а резултатот е феноменален.
Прекрасен кремаст сладолед со вкус на нутела.
На здравје!