Лубеница чизкејк
Состојки
- За бисквитот
- 240 гр. мелени бисквити
- 160 гр. растопен путер
- За кремот
- 250 гр. крем сирење
- 250 гр. маскарпоне сирење
- 125 гр. слатка павлака
- 50 гр. шеќер во прав
- 50 гр. чипс од чоколадо+ за декорација
- 10 гр. желатин
- За кашата од лубеница
- 1,2 кг лубеница
- 35 гр. нишесте
- 25 гр. шеќер
Подготовка
Подготовка
1. Подготовка на бисквитот
Мелените бисквити и растопениот путер соединете ги и префрлете ги во калап на отварање, со дијаметар од 24 см, претходно обложен со хартија за печење. Со помош на лажица притискајќи измазнете ги рамномерно низ дното од калапот. Потоа ставете го калапот во фрижидер пола час да излади бисквитот.
2. Подготовка на кремот
Ставете го желатинот во ладна вода да омекне десетина минути. Во меѓувреме изматете го со миксер крем и маскарпоне сирењето, додека смесата не стане кремаста. Во друг сад изматете ги со миксер слатката павлака и шеќерот. Потоа соединетете ги двете смеси. Во сад на оган додадете го омекнатиот желатин, додека не се растопи, потоа додадете го во кремот и мешајте со шпатула, додека смесата не стане хомогена. На крај додадете го чипсот од чоколадо и повторно размешајте со спатула.
3. Кремот нанесете го врз изладениот бисквит и вратете го повторно калапот во фрижидер околу еден час. Во меѓувреме подгответе ја кашата од лубеница
4. Изблендирајте ја лубеницата и процедете ја со цедалка, треба да добиете околу 500 мл сок од лубеницата. Во тава на оган додадете го сокот од лубеница, шеќерот и нишестето и варете ја кашата додека не се згусти. Потоа остранете ја од оганот и оставете ја да се олади. Оладената каша нанесете ја врз кремот и вратете ја тортата во фрижидер уште еден до два часа.
Послужете го чизкејкот со чипс од чоколадо.
На здравје.