Штангли со урми и јаткасто овошје
Состојки
- 15-20 урми без семки
- 1 рака ореви
- 1 рака бадеми
- 1 рака индиски ореви
- 100г темно чоколадо
- сецкани фстаци за декорација
Подготовка
Подготовка:
1. Урмите ги оставаме да отстојат во вода 10-15 минути. Потоа заедно со сите јаткасти плодови ги додаваме во процесор за храна (или блендер) и блендаме додека да се добие еднолична смеса.
2. Смесата ја ставаме во помал сад обложен со хартија за печење.
3. Чоколадото го растопуваме на пареа и го истураме одозгора. Се декорира по желба. Јас декорирав со сецкан несолен фстак.
4. Треба да отстои во фрижидер, за да се стегне чоколадото пред да се исече.
Многу вкусен, здрав, но и многу калоричен десерт.
На здравје!