Испечати

Крем пита со банани

Крем пита со банани

Состојки

  • 300г мелени бисквити
  • 150г стопен путер
  • 500мл млеко
  • 4 жолчки
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици густин
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 200+300мл слатка павлака
  • 2-3 банани

Подготовка

Многу вкусен десерт.

1. Мелените бисквити ги мешаме со стопениот путер и ги натапкуваме на дното и од страните на калап за тарт/пита. Ставаме во фрижидер.
2. Ставаме 400мл млеко во тенџере на оган да зоврие. Жолчките ги мешаме посебно со шеќерот, густинот, ванилата и останатото млеко (100мл). Мешаме убаво и смесата ја додаваме во зовриеното млеко. Вариме со постојано мешање додека да згусне. Го тргаме кремот на страна и го оставаме да се олади целосно.
4. Посебно матиме 200мл слатка павлака и ја додаваме во оладениот крем.
5. Бананите ги сечеме на кругови. Го вадиме калапот од фрижидер и врз основата ги редиме. Врз бананите го додаваме кремот.
5. Декорираме со 300мл матена слатка павлака, парчиња банани и мелени бисквити.

*следен пат би додала уште еден ред банани помеѓу кремот и слатаката павлака.

На здравје!