Испечати

Туфахии

Туфахии

Состојки

  • 4 јаболки
  • 500мл вода
  • 250г шеќер
  • сок од половина лимон
  • 60г мелени ореви
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 35мл млеко
  • 1 кесичка шлаг пена
  • млеко за подготовка на шлагот

Подготовка

Еден од моите омилени десерти.

Подготовка:

1. Јаболките ги лупиме и ја вадиме средината. Ги премачкуваме со парче лимон за да не потемнат.
2. Во тенџере на оган ставаме 500 мл вода, 250г шеќер и сок од половина лимон. Кога ќе зоврие водата ги додаваме јаболките и ги вариме по 5 минути од двете страни. Ги вадиме јаболките и ги оставаме да се оладат.
3. Во тенџере додаваме 35мл мелко и една лажица шеќер во прав. Кога ќе зоврие млекото го истураме во друг сад врз мелените ореви и мешаме убаво.
4. Оладените јаболки ги полниме со филот од ореви со помош на шприц или лажица. Потоа ги преливаме јаболките со шербетот во кој ги варевме.
5. Шлагот го матиме според упатството на кесичката. Ги декорираме јаболките со шлаг. Врз шлагот може да поросиме сецкани или мелени ореви и да украсиме со цреша или слатко од смоква.

На здравје!