Чоко-ментол тарт
Состојки
- 300г мелени орео колачиња
- 150г стопен путер
- 250г бело чоколадо
- 120мл слатка павлака
- 2-3 лажички екстракт од ментол
- малку зелена прехрамбена боја
- 250г темно чоколадо
- 100г млечно чоколадо
- 250мл слатка павлака
Подготовка
Многу чоколаден десерт, лесен и брз за правење.
1. Мелените орео колачиња ги мешаме со стопениот путер и смесата ја натапкуваме во калап за тарт. Оставаме во фрижидер.
2. Белото чоколадо го кршиме на коцки и го ставаме во длабок сад. 120мл слатка павлака ја загреваме до пред зовривање и ја истураме во садот со бело чоколадо. Оставме 5 минути, а потоа мешаме, додека да добиеме еднолична смеса. Додаваме ментол екстракт и многу малку зелена боја (опционално) и мешаме убаво. Вака подготвениот фил го истураме во калапот врз подготвената основа. Оставаме во фрижидер 1 час.
3. На ист начин го подготвуваме и темниот чоколаден фил. Двата вида чоколадо ги кршиме во длабок сад и жешката слатка павлака ја истураме врз чоколадото. Оставаме 5 минути, па мешаме до целосно растопување на чоколадото. Го истураме вака подготвениот ганаж врз филот со ментол и оставаме да се стегне минимум 4 часа пред послужување.
На здравје!