Летен освежителен милкшејк
Состојки
- 1 Банана (позрела)
- 1 Праска
- 100 мл Млеко
- 5 Коцки мраз
Подготовка
Идеален летен пијалок, богат со хранливи состојки, витамини и минерали.
Подготовка:
1. Во чашката од нутрибулетот ги ставаме бананата и праската, сецкани на помали парчиња.
2. Го додаваме млекото и коцките мраз. Блендираме до хомогенизирање. Послужуваме веднаш.
Совет - за дополнителна блажина, додадете неколку урми или мед. Jас не додадов, бидејќи бананата и праската беа доволно зрели.
На здравје!