Тирамису со свежи јагоди
Состојки
- 400 гр свежи јагоди
- 1паковка пишкоти за тирамису
- 200 мл јако свежо кафе
- 3 лажици мексикански кафе ликер
- 500мл слатка павлака
- 500гр маскарпоне
- 180 гр шеќер
- 3 лажици оранж ликер
Подготовка
Подготовка:
1. За почеток на овој преубав десерт, потребно е да ги измиеме и исчистиме јагодите.
2. Кафето го помешуваме со мексикански кафе ликер и ги топиме пишкотите во смесата. Редиме во садот каде ќе стои.
3. Маскарпонето го матиме со шеќер во прав. Го додаваме ликерот од портокал. Слатката павлака исто така ја матиме. Ги соединуваме смесите.
4. Врз редот со пишкоти, премачкуваме ред од филот, а потоа редиме еден ред свежи јагоди. Врз јагодите повторно редиме ред од натопените пишкоти, а потоа покриваме и затвараме со филот.
Површината ја попрскуваме со какао. Јас ја попрскав со несквик.
Оставете да излади добро во фрижидер, па со навлажнет нож сечете парчиња.
Тортата е освежителна и многу вкусна. Гостите ми беа презадоволни. Пробајте и вие.
На здравје.