Бела чорба
Состојки
- 500 гр пилешко месо
- 4 моркови
- 1 парче целер
- 30 гр пашканат
- 1 кромид
- сол црн бибер
- 2 лажички сув зачин
- 2ловоров лист
- 1 јајце
- 1 лажица брашно
- 3 лажици кисела павлака
- 2 литра вода
Подготовка
Вкусна и кремаста бела чорба, кралица на чорбите. Вкусна и лесна за јадење. Ете ние може и да ручаме чорба со додаток на лукче.
1. Компирите убаво се мијат се лупат и се сечат на ситни коцкички. Се ставаат во тенџере, заедно со кромидот, целерот, морковите, пашканатот и ловорот.
2. Пилешкото месо се сечка на ситни коцки и се додава во тенџерето. Се додава 2 литра вода и се вари на средна температура, додека проврие.
3. Се вади пената со лажица и се вари уште 30мин. Се зачинува со пипер. Се вадат целерот, морковот, пашканатот и кромидот и се пасираат. Се додава брашното со неколку кутлачи од чорбата.
4. Ловорот се вади од чорбата. Испасираниот зеленчук се враќа во чорбата и се готви уште 10мин. Се зачинува со зачин по вкус.
5. Во посебен сад се мати јајцето, се посолува и се додаваат 3 лажици кисела павлака .Се соединува со состојките. Во смесата се додава топлата чорба постојано мешајки. Се сервира.