Палачинки со сладолед и малини
Состојки
- 500 гр млеко
- 250 мл кисела вода
- 250 мл вода
- 100 мл масло
- 1 лајче пециво
- 2 јајца
- 400гр Брашно
- Фил
- 300 гр малини
- 5 лажици шеќер
- 400гр Сладолед
Подготовка
Подготовки:
1. Се матат сите состојки во длабок сад и се остава смесата да постои 30мин.
2. Се прават палачинки на џој апарат за палачинки. Излегуваат совршено.
3. Се филува палачинката прво со 1 лажиче сос од малинки, па со сладолед и рендани ореви.
4. Фил од малини- се варат малинките со шеќерот до згуснување. Се гмечат со вилушка за да се направи пире.
Одозгора по желба - шлаг, ореви чоколада.
Убавини!