Здрав сладолед од две состојки
Состојки
- 2 - 3 Праски
- 200 гр Грчки јогурт
Подготовка
Здрава алтернатива за освежувачки сладолед од праски во кој ќе уживате.
Подготовка -
1. Праските ги миеме, лупиме и чистиме од семките.
2. Ставете ги праските исецкани на парчиња во блендер. Додадете го и грчкиот јогурт. Блендирајте, додека не добиете фина кремаста смеса.
3. Смесата префрлете ја во пластичен сад (со поклопец) и ставете ја во замрзнувач.
4. Сладоледот во текот на замрзнувањето може да го промешувате неколку пати, за да не се создадат кристали.
*Совет - По вкус, за дополнителна блажина, додадете мед или урми.
На здравје!