Свинско каре со прилог
Состојки
- 1 парче свинско каре
- 200 мл пиво (или бело вино)
- 100 мл вода
- 1/2 лајче црн бибер
- 1/2 лајче сол
- 150 мл масло
- 1/2 лајче црвена пипер
- Прилог
- 2 кг компири
- 1 лажица палента
- 100 мл масло
- 1 лажица сол
Подготовка
Подготовка:
1. Свинското месо се сечи на парчиња (кај мене излегоа околу 7 парчиња).
2. Во тава со загреано масло се пржи убаво месото од двете страни. Треба да зарумени.
3. Потоа се додава пивото, водата, пиперот и солта. Се покрива со капак и се динствува околу 60мин на тивко.
4. Како прилог јас направив печен компир. Се лупат компирите и се сечат. Кога убаво ке ги измиеме, ги посолуваме им ставаме 1 лажица палента и 100мл масло. Се печат на 250 С-40мин.
5. Сервиран ручек со рендано цвекло, сечкан кромид, домат и буковска пипер.