Испечати

Бомбици со малини

Бомбици со малини

Состојки

  • 100 гр Малини (свежи или одмрзнати)
  • 35 гр Овесни снегулки
  • 45 гр Кокос
  • 7-8 Урми
  • 2-3 г.л. Кокосово млеко

Подготовка

Здраво, брзо и вкусно заблажување кое се спрема за 5 минути.

Подготовка:

1. Во чашката од блендерот ги ставаме овесните снегулки (блендираме), па ги додаваме останатите состојки и пак блендираме до хомогенизирање.

2. Од добиената смеса формираме бомбици, кои ги валкаме во кокос.

На здравје!