Пица без месење
Состојки
- 500 гр. брашно
- 400 мл. млака вода
- 10 гр. сув квасец
- 200 гр. доматно пире
- 2 топки моцарела сирење
- попотреба сол, црн пипер, суво оригано, сув магданос и свеж босилок
- 50 мл. маслиново масло + за премачкување
- 1 лажица шеќер
Подготовка
Подготовка:
1.Квасецот и шеќерот растопете ги во млаката вода.
2. Во сад за месење додајте го брашното, млаката вода со растопениот квасец и размешајте со вилушка додека смесата не стане хомогена. Потоа додајте ја солта и повторно размешајте го тестото со вилушка. На крај додајте го маслиновото масло и со помош на спатула размешајте го тестото. Садот со тестото покријте го со стреч фолија и оставете го да се дуплира.
3. Откако ќе се дуплира тестото префрлете го, со помош на спатула во тава за печење, премачкана со маслиново масло. Со помош на рацете растегнете го тестото, без да правите дупчиња со прстите и оставете го да се дуплира повторно. Откако ќе се стаса повторно со рацете растегнете го, но овој пат направете и дупчиња помагајќи си со прстите.
4. Зачинете го доматното пире и премачкајте ја пицата. Печете ја пицата во загреана рерна на 250 степени, десетина минути, потоа извадете ја и додајте ја моцарелата, сечкана на коцкички и вратете ја повторно во рерна да се допече пицата. Послужете ја топла со свеж босилок.
На здравје.