Магичен крем од кафе
Состојки
- 15 гр инстант кафе
- 80 гр шеќер
- 70 мл ладна вода
- 1-2 лажици чоколадно капучино
Подготовка
Овој крем од кафе се приготвува многу лесно, со стрпливост на миксерот, да работи некои 10 минути и по некоја магија. Kоегзистенцијата на овие состојки, за питко кафе, преминуваат во солиден крем кој можи да се сервира во чаши, но исто така и да се употреби како фил за торти.
Подготовка:
1. Ставете ги во сад за матење кафето, шеќерот и водата. Матете со миксер околу 10на минути. Времетраењето не е фиксно. Битната работа е да се добие крем со доволна цврстина кога ќе го превртите садот да не паѓа.
2. Овие се основните состојки за ваков крем. Шеќерот можи да варира спрема потребата од блажина на конзументите. Така, во текот на матењето, кога ќе почни да се згуснува, ако сакате слободно можи да додадете шеќер. Јас тоа го направив на малку поинаков начин. Додадов 2 лажици едно прекрасно засладено чоколадно капучино, кое бато ми го денесе враќајќи се од Холандија. Испадна предобро и ја зголеми слаткоста, но и го надгради вкусот.
Ова е мала доза, така да, спрема потребите слободно дуплирајте ги состојките.