Баскиска торта
Состојки
- 180г путер (ладен, исечен на коцки)
- 260г брашно
- 1 цело јајце + 1 жолчка
- 200г шеќер во прав
- 1 лажичка пециво
- прстофат сол
- 250мл млеко
- 4 жолчки
- 30+30г шеќер
- 20г густин
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 50-60г мармалад од вишни
- 1 жолчка (за премачкување
Подготовка
Ова еден од моите омилени десерти. Превкусна тортичка!
Подготовка
1. Ги мешаме во подлабок сад брашното, пецивото и солта и го додаваме путерот. Со прстите го втриваме путерот, додека не се изгубат сите видливи парчиња путер. Го додаваме шеќерот во прав, едно јајце и една жолчка и мешаме со рака или со лажица. Го делиме тестото на два дела, оформуваме топки, а потоа плочки, ги виткаме во најлонска фолија и ги ставме во фрижидер најмалку 2 часа.
2. Четири жолчки ги мешаме со 30г шеќер со жица. Го додаваме густинот и мешаме убаво да нема грутки. Млекото со 30г шеќер и ванила го ставме во тенџере на оган да зоврие. Половина од зовриеното млеко го истураме во садот со жолчки и густин. Мешаме со жица, а потоа ја враќаме смесата во тенџерто на оган со постојано мешање. Готвиме уште околу една минута (да згусне) и тргаме од оган. Го префрламе во сад со капак, го покриваме со најлонска фолија (фолијата да биде во контакт со кремот за да не се создаде кора), го затвораме садот и оставме во фрижидер убаво да се излади.
3. Вадиме еден дел од тестото од фрижидер и на набрашнета површина го расукуваме во кора (5-6мм). Тестото е многу меко и брзо ќе почне да се распаѓа и лепи, затоа треба да се користи доволна количина на брашно и брзо да се работи. Го префрламе тестото врз калап за торта/тарт (20цм, може и помал). Треба да се распореди на дното и од страните.
Тестото го премачкуваме со тенок слој мармалад од вишни. Го вадиме кремот од фрижидер и мешаме енергично додека да се измазни. Го премачкуваме кремот врз слојот од мармалад. Го вадиме вториот дел од тестото, го расукуваме во кора со иста дебелина како првата и го префрламе врз калапот. Вишокот тесто го отстрануваме. Вака подготвена тортата ја ставаме во фрижидер околу половина час.
4. Рерната треба да биде загреана на 180 степени, ја вадиме тортата од фрижидер, премачкуваме со жолчка, со помош на вилушка правиме декорации на горната кора и печеме додека да добиеме убава златна боја (околу 40 минути).
Треба да се излади на собна температура пред да се сече.
На здравје!