Испечати

Сорбе од јагоди

Сорбе од јагоди

Состојки

  • 500г јагоди (смрзнати или свежи)
  • 30-50г мед
  • малку сок од лимон

Подготовка

Јас користев свежи јагоди, ги измив, исчистив, ги исеков на половинки и ги ставив во замрзнувач околу два часа.

Подготовка:

1. Ги ставаме јагодите во блендер, додаваме мед по вкус и малку сок од лимон и миксаме.
2. Кога смесата е еднолична ја префрламе во соодветен сад и го ставаме во замрзнувач до целосно замрзнување.
Истиот рецепт може да се направи и со друго овошје, пример малини, манго.
*Наместо мед, може да се стави засладено кондензирано млеко, вкусот е уште подобар и покремаст.
На здравје!