Топчиња со компир и туна
Состојки
- 500 гр. излупен компир
- 320 гр. туна од конзерва
- 1 јајце
- 30 гр. пармезан
- попотреба босилок, сол и црн пипер
- 80 гр. презла + по потреба за увалкување
- попотреба масло за пржење
Подготовка
Подготовка:
1. Компирите сварете ги, испасирајте ги со вилушка и оставте ги да се оладат малку. Во садот со компирите додајте ги туната, јајцето, презлата, босилокот, пармезанот, солта и црниот пипер и размешајте ја убаво смесата.
2. Од смесата формитајте топчиња, измешајте ги во презла и пржете ги во врело масло за јадење додека не заруменат.
На здравје.