Полнети тиквички во рерна
Состојки
- 4 средни тиквички
- 1 јајце
- 3 лажици презла
- 2 лажици пармезан
- 100 гр. урда
- попотреба магданос, сол и маслиново масло
Подготовка
Подготовка
1. Тиквичките расечете ги на половина во должина, со помош на нож издлабете им ја внатрешноста, насолете ги и оставете ги така да стојат додека го приготвувате филот.
2. Внатрешноста од тиквичките исечкајте ја на ситно, додајте јајце, презла, пармезан, урда, магдан, сол и размешајте со вилушка. Со филот наполнете ги половинките од тиквичките, наредете ги во намастена тава за печење, наросете ги со презла, пармезан и малку маслиново масло. Печете ги на 180 степени околу 40 до 50 минути.
На здравје.