Кокос колачиња со парчиња чоколадо
Состојки
- 250 гр Брашно
- 2 Јајца
- 100 гр Шеќер
- 125 гр (пола) Маргарин (омекнат)
- 50 гр Кокос
- 1 Пециво
- 1 Ванила
- 50 гр Чоколадо (исецкано на коцкички)
Подготовка
За љубителите на кокос и чоколадо, еве предлог за едни превкусни колачиња кои се прават многу брзо и истотака се многу економични.
Подготовка -
1. Во длабок сад ги кршиме јајцата, со рачна маталка ги мешаме. Ги додаваме останатите состојки (освен чоколадото). Месиме со рака до соединување на состојките. Садот го оставаме во фрижидер 10 минути.
2. Потоа го додаваме чоколадото, соединуваме убаво и правиме округли колачиња (со големина на орев -15гр секое доколку сакате да мерите). Смесата ќе ви се чини малку леплива - да не ве буни тоа, таква и треба да биде, не додавајте повеќе брашно. Сепак лесно се формираат колаченцата.
3. Ги редиме во плех врз хартија за печење. Печеме веднаш во загреана рерна на 170 степени. Јас печев 20 минути. Нека оладат, па послужете ги.
На здравје!
*Забелешка - по вкус посипете ги одозгора со шеќер во прав. Од оваа доза испаѓаат 40 колачиња со таа големина.