Нискокалоричен страчатела сладолед
Состојки
- 100 гр. еритритол
- 2 жолчки од јајца
- 250 гр. неутрална павлака
- 30 гр. црно чоколадо со 75% какао делови
Подготовка
Подготовка:
1. Во сад за матење додајте ги жолчките со неколу лажици од неутралната павлака и изматете ги со жица за матење.
2. Во сад на оган додајте ја остантата неутрална павлака и еритритолот додека не се растопи. Топлата павлака остранете ја од оган и одма додајте ја во садот со жолчките и мешајте со жица додека смесата не стане хомогена.
3. Смесата оставете ја прво да се излади на собна температура, а потоа во фрижидер.
Во изладената смеса пред да ја префрлите во калапите додајте го сечканото чоколадо и промешајте. Оставете ги калапите со сладоледот неколку часа во замрзнувач пред да го конзумирате.