Тарт со крем од фстаци
Состојки
- 200г мелени орео колачиња
- 50г мелени фстаци
- 120г стопен путер
- 150г маскарпоне (собна температура)
- 150г готов крем од фстаци
- сецкани фстаци (за декорација)
Подготовка
Подготовка:
1. Ги мешаме мелените фстаци со мелените орео колачиња и го додаваме стопениот путер. Мешаме убаво, а потоа го распоредуваме добиената основа за тарт ја префрламе на дното и од страните на калап за тарт. Натапкуваме и притискаме убаво. Го оставаме калапот во фрижидер.
2. Маскарпонето го мешаме со кремот од фстаци и добиениот фил го распоредуваме во калапот врз основата. Израмнуваме убаво.
3. Оставаме во фрижидер најмалку 6 часа.
4. Декорираме со сецкани фстаци.
Многу едноставен и вкусен тарт. На здравје!