Испечати

Овошен сладолед од малини и банана

Овошен сладолед од малини и банана

Состојки

  • 1 Банана
  • 30-на Малини
  • 50 мл. Млеко
  • 4 Мали пластични чаши
  • 4 Дрвени стапчиња

Подготовка

За многумина од нас највкусното освежување во летниот период е сладоледот. Некои од нас обожаваат сладолед со вкус на ванила, чоколадо и слично, но овошните вкусови ни даваат повеќе свежина во жешките денови од летото. Комбинации има многу, па еве еден предлог и од мене.

Подготовка -
1. Бананата (позрела) ја сецкаме на мали парчиња, ја ставаме во ќесенце заедно со малините и ги замрзнуваме.
2. Така замрзнати ги блендираме со додавање на млекото. Блендираме кратко во неколку наврати до добивање на глатка смеса.
3. Добиениот сладолед го распоредуваме во 4 пластични чаши, одозгора ставаме и по едно дрвено стапче. Ги враќаме чашките во замрзнувач да се стегне убаво сладоледот, па ја сечеме чашката од страната и го вадиме сладоледот.

*Забелешка - јас не ставив никаков засладувач, меѓутоа можете по вкус да додадете доколку сте љубители на поблага варијанта.

На здравје сладење!