Испечати

Мини ролати од свинско месо со кашкавал и свински врат

Мини ролати од свинско месо со кашкавал и свински врат

Состојки

  • Состојки
  • 8 свински шницли (околу 1 кг. свинско месо исечено на шницли)
  • 8 парчиња чаден свински врат
  • 150 гр кашкавал
  • 200 гр маринирани шампињони
  • 1 млад кромид
  • 100 мл бело вино
  • Потребно е уште сол, црн пипер, зејтин

Подготовка

Подготовка:

1. Шницлите прво убаво ги чукаме. Шницлата се става помегу два листа хартија за печење и со кујнски чeкан се чукаат, колку може повеќе, за да станат потенки. Се посолуваат, им се додава бибер и се оставаат во фрижидер додека да се приготви полнењето.
2. Маринираните шампињони се запржуваат со ситно исечено младо кромидче и се остават да оладат.
3. Се земе една шницла, се става парче свински врат , врз него рендан кашкавал, па од пржените шампињони.
4.Се преклопуват од две страни и се мотаатво  мини ролат. Од двете страни им се става по една чачкалица, за да не им излегува филот при печењето. Така се прави со сите шницли.
5. Ролатите се редат во сад со капак, претходно намастен. Одозгора се премачкуваат со зејтин, се полеват со 100 милилитри бело вино и се ставаат во рерна на 220 степени, со капак, околу 30 минути.
6. Потоа се трга капакот и се допекуваат уште 30 минути, на 200 степени, со тоа што јас ги вртев еднаш при печењето без капак.
Прилогот е по ваш избор. На здравје.