Пита со цреши
Состојки
- 250г брашно
- 120г путер
- 100г шеќер
- вода по потреба
- 600г цреши без семки
- 100г шеќер
- 30г густин
- 1 лажица сок од лимон
- 1 јајце (за премачкување)
Подготовка
Подготовка:
1. Брашното го мешаме со шеќерот и го додаваме путерот исецкан на коцки. Го втриваме путерот во брашното со прсти. Додаваме вода по потреба додека да се формира тесто. Тестото во најлонска фолија го оставаме во фрижидер да се стегне минимум 30 минути.
2. Црешите во подлабок сад ги мешаме со шеќер, густин и сок од лимон. Може по желба да се додаде и ванилин шеќер. Ги мешаме со раце.
3. Тестото го делиме на два дела од кои едниот малку поголем. Помалиот дел од тестото го оставме да стои во фиржидер. Поголемиот дел од тестотот го расукуваме во кора и го префрламе во сад/калап за печење пита.
4. Од садот со црешите го острануваме вишокот течност и ги распоредуваме во калапот врз тестото.
Вториот дел од тестото го расукуваме во кора и сечеме ленти со дебелина по желба. Лентите ги редиме декоративно врз црешите.
5. Премачкуваме со јајце и печеме во загреана рерна на 180 степени, 40-50 минути зависно од рерната.
Потребно е да остои 2-3 часа пред да се сече.
На здравје!