Испечати

Тарт со круши и ореви

Тарт со круши и ореви

Состојки

  • 200г брашно
  • 120г путер (собна температура)
  • 50мл мед
  • вода или млеко по потреба
  • 6 круши
  • 60мл мед
  • ванила
  • 40г сецкани ореви
  • 2 лажици овесни снегулки

Подготовка

Подготовка:

1. Путерот го матиме со медот. Го додаваме брашното постепено да добиеме тесто. Доколку дојде премногу тврдо додадете малку вода или млеко. Тестото во најлонска фолија, ставете го во фрижидер најмалку 3 часа.
2. Три круши лупиме и ги сецкаме и ги ставаме во тенџере на оган заедно со 60мл мед и ванила арома (течна или ванилин шеќер). Готвиме околу 15 минути со постојано мешање, додека крушите не омекнат и не се распаднат речиси целосно. Вака добиениот фил го тргаме на страна да се олади.
3. Тестото го расукуваме во кора и го префрламе во калап за тарт. Го отсекуваме вишокот и го боцкаме со вилушка. Наросуваме со 2 лажици овесни снегулки (кои ќе го впиваат вишокот течност додека тартот се пече). Врз тоа го истураме филот од круши и израмнуваме. Останатите 3 круши ги сечеме на тенки парчиња и ги редиме врз филот. Сецканите ореви ги расфрламе врз крушите.
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 40 минути.
На здравје!