Испечати

Турски симити

Турски симити

Состојки

  • 1 пакетче сув квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 и 1/2 лажиче сол
  • 400 мл топла вода
  • 180 мл масло
  • 750 гр брашно
  • сирење по потреба
  • 200 мл вода
  • 2 лажици јаворов сируп (или маџун)
  • 250 гр сусам

Подготовка

Подготовка:

1. Растворете го квасецот во топла вода, додајте шеќер, сол, масло и постепено брашно, месејќи. Постапката правите ја цело време во ванглата, затоа што тестото е лепливо. Измесете го неколку минути и не додавајте повеќе брашно. Покриете го и оставете го да се дуплира.
2. На набрашнета површина ставете го тестото и малку премесете го. Поделете го на 18 топчиња.
Секое топче со рака исплескајте го и на средина ставете од ренданото сирење, количина по желба.
Затворете го спојувајќи ги краевите.
3. Секое симитче прво ставете го во водата, во која сте го раствориле јаворовиот сируп, па во сусамот. Убаво наросете го од сите страни. Наредете ги на прекриен плех.
4. Вклучете ја рерната на 180 степени и кога ќе се загрее, печете ги отприлика половина час да заруменат.

На здравје.