Пита со пекан орев
Состојки
- 200г брашно
- 125г путер
- 60г шеќер во прав
- 1 жолчка
- вода по потреба
- 350г пекан ореви
- 3 јајца
- 150г шеќер
- 50мл јаворов сируп
- 50мл мед
- ванила арома
- 1 лажичка морско оревче
- 50мл темен рум
- прстофат сол
Подготовка
Подготовка:
1. Подготвуваме бисквит тесто. Го втриваме путерот во брашното и шеќерот, ја додаваме жолчката и додаваме вода, по потреба, колку да се оформи тесто. Тестото завиткано во најлонска фолија го оставаме во фрижидер најмалку половина час.
2. Го расукуваме тестото во тенка кора и го префрламе врз калап за тарт или пита. Печеме на 180 степени околу 30-35 минути.
3. Јајцата ги мешаме со жица заедно со шеќерот, додаваме морско оревче, ванила, сол, јаворов сируп, мед и рум. На крај додаваме 200г сецкани пекан ореви. Мешаме убаво и филот го истураме во калапот, врз изладеното тесто. Останатите ореви ги редиме врз филот.
4. Печеме на 180 степени уше 20-25 минути.
На здравје!