Испечати

Рататуј со доматен сос

Рататуј со доматен сос

Состојки

  • 1 поголема тиквичка
  • 1 голем домат
  • 1 голема главица кромид
  • 2 поголеми пиперки
  • 2 поголеми моркови
  • 1 модар патлиџан (немав и затоа не ставив, а е пожелно)
  • 5-6 лажици маслиново масло
  • 200 мл доматно пире
  • 2-3 чешниња лук
  • зачини босилек, оригано, сув магдонос, вегета, црн бибер

Подготовка

Рататуј е француски специјалитет, комбинација од неколку видови зеленчуци и зачини, специфично исечкани и наредени во круг. Датира уште од 18 век, а со текот на годините добил повеќе верзии. Јас рецептот го прилагодив на мојот вкус и бев воодушевена. Во повеќе подготовки кои ги анализирав, зеленчукот прво беше пропржен, па нареден во тавата. Јас го прескокнав тоа, за да ја задржам здравата база на јадењето.
Состојките се за едно тавче 24 цм Делимано

Подготовка:
1. Прво, сите зеленчуци се мијат убаво и се сечат на кругови со дебелина околу 5 мм.
Доматниот сос се става директно во тавчето во кое ќе печите, се додаваат 2-3 лажици масло, малку вегета, исечканото лукче и зачини. Се меша.
2. Врз доматниот сос, се редат круговите зеленчук, убаво е да се приближно иста големина. Врз нив се ставаат 2-3 лажици масло и сосема малку сол. Се става да се пече на 190 степени, околу 1 час и 15 минути.
На здравје.