Испечати

Колач со афион и лимон (печен во 18in1 MultiCooker)

Колач со афион и лимон (печен во 18in1 MultiCooker)

Состојки

  • 4 Јајца
  • 150 гр Шеќер
  • 130 мл Масло
  • 150 мл Млеко
  • 330 гр Брашно
  • 1 Пециво
  • 1 Лимон (кората)
  • 1/2 Лимон (сокот)
  • 10 гр Афион
  • За прелив - неколку лажици домашен Карамел сос.

Подготовка

Превкусен колач со мирис на лимон, подготвен во печен во 18in1 MultiCooker . Одличен за со кафе во добро друштво.

Подготовката е на следниот начин -
1. Ги одделуваме белките од жолчките. Во длабок сад за матење ги ставаме белките и ги матиме до згуснување со постепено додавање на шеќерот. Потоа ги додаваме жолчките една по една.
2. Сега ги додаваме млекото, маслото и брашното, претходно измешано со пецивото. На крај ги додаваме афионот, кората и сокот од лимон.
3. Смесата ја ставаме во садот од кукерот (намрсен и набрашнет, а доле ставаме хартија за печење).
4. Печеме на програмата „кејк„ со времетраење од 1 час и 30 минути. Кога ќе измине тоа време, се отвара капакот (веднаш со крпа ги бришеме формираните капки од пареата на капакот) и го вадиме колачот врз белиот сад што е за готвење на пареа или врз некоја решетка да олади.
7. Одозгора јас го премачкав со карамел сос (подготвен по овој рецепт хттпсЧ//моирецепти.мк/пост/домашен-карамел-сос

* Забелешка - оние кои веќе го имаат садот, знаете дека печењето е само од долната страна, но тоа не значи дека не се пече целосно колачот или нешто друго (леб на пример). Доколку сакате да има потемна боја и од другата страна, во тој случај превртете го колачот со помош на белиот сад, и вратете го да се пече на истата програма уште некои 15-20 минути.
За премачкување можете да употребите чоколаден ганаж, превкусен е и така (50мл слатка павлака и 100 гр чоколадо) или сок од 1 цеден лимон измешан со шеќер во прав.

На здравје!