Тарана со сирење
Состојки
- 150 гр тарана
- 3 парчиња (триаголници) топено сирење
- 50 гр биено или жолто сирење
Подготовка
Навидум многу едноставен, но многу вкусен оброк. Водејќи се од себе си, претходно не знаев како и со што да ја спремам тараната. Барем во нашиот крај таа и не е така популарна, па за тоа нека стои овде овој рецепт за некој како мене, за идеја и здружување со оваа тестенина.
1. Сварете ја тараната во посолена вода спрема упатството на ќесичката.
2. Откако ќе се свари и ја почувате 10на минути на страна од рингла, исцедете ја од водата.
3. Префрлете ја во подлабока чинија и додека е жешка додајте го биеното и триаголниците сирење. Мешајте за да се растопат во тараната и секаде да се распоредат.
Сервирајте топло. Нам супер во прилог ни дојде шопска салата.