Испечати

Овесна каша со бадеми и овошје

Овесна каша со бадеми и овошје

Состојки

  • 250 мл бадемово млеко
  • 100 гр јаготки (или друго овошје по избор)
  • 5-6 лажици овесни снегулки
  • 1 лажица мед
  • 30 гр бадеми

Подготовка

Еден вкусен предлог за појадок, додека ги има највкусните овошја во сезона.

Подготовка:

1. Измелете ги бадемите на крупно.
2. Јаготките испасирајте ги. Потоа сите состојки ставете ги во тегла или сад со капак и измешајте ги.
3. Ставете го најмалку половина час во фрижидер пред служење.