Мармалад од кајсии
Состојки
- 8 кг кајсии
- 3 кг шеќер
Подготовка
Овој мармалад ми е најубав и највкусен за колачи, палачинки, торти, тарт.
Подготовка:
1. Кајсиите се 8кг нечистени. Се мијат убаво и се остранува семката. Потоа се сечат на половинки, четвртинки и се става во голем лонец. Се посипува со шеќерот и се остава да стојат покриени цела вечер.
2. Другиот ден кајсиите ќе имаат пуштено сок и го вариме мармаладот. Ако мислите дека нема да ви е доволно благ, ставете шеќер, тоа е по ваш вкус. Се вари 40мин, додека да видите дека е згуснато. Се става во чисти топли тегли и се завиткуваат во ќебе. Стојат до другиот ден, додека се вакумираат капаците.
Мене ми излегоа 6 тегли.