Полнети пури
Состојки
- 500 гр готови кори
- 300 гр изварка или сирење
- 100 мл масло
- 100 гр презла
- 100 мл кисела вода
- 1 јајце
Подготовка
Подготовка:
1. Се зема по една кора, се преклопува како на сликата, се премачкува со премаз од масло и кисела вода. На пошироката страна се става фил-изварка посолена. Се витка во ролат-пура, се потопува во јајце и презла.
2. Се прават така сите кори и се пржат на загреано масло додека да поруменат.