Домашен сладолед од агаве и јагоди
Состојки
- 4-5лажици агаве сируп или мед
- 500 гр јагоди
- 400гр грчки јогурт
Подготовка
Одличен избор за здрав и вкусен домашен сладолед.
Подготовка:
1. Грчкиот јогурт помешајте го со агаве сируп или мед. Мешајте убаво да се соедини смесата.
2. Една третина од јагодите исецкајте ги дирекно во јогуртот, на поголеми парчиња, а останатите јагоди изблендирајте ги во нутрито. Смесата вратете ја во јогуртот.
3. Промешајте ја и полнете ги калапчињата.
Јас ја собрав дирекно во еден сад, па по потреба си вадев од ладилникот. Ако не ви е доволно благ засладете со сос од свежи јагоди.
На здравје.