Пица од бајат леб
Состојки
- 10тина кришки бајат леб
- 1/2 чаша вода
- 5-6 лажици маслиново масло
- малку сол
- зарје по желба
Подготовка
Едноставно, брзо и корисно. Или искористете го стариот леб или дајте го на животните. Животните за кои се грижам околу мојата зграда толку ги имам разгалено што леб повеќе не ми јадат, така да или правам тостови или го печам за да го употребам. Пица во ваква форма правев првпат и е одлична.
Подготовка:
1. Во еден подлабок сад надробете 10тина парчиња леб. Потурете го лебот со половина чаша вода и 5-6 лажици масло и измесете го со раката.
2. Оваа смеса натапкајте ја во едно поголемо тавче, малку посолете и одозгора наредете го омиленото зајре и ставете да се пече на 200 степени околу 15тина минути.
На здравје.