Испечати

Летен овошен колач со црвено овошје

Летен овошен колач со црвено овошје

Состојки

  • Бисквит
  • 5 поголеми јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • по 1 пакетче пециво и ванила
  • 50 мл масло
  • 100 мл млеко или вода
  • Фил
  • 1 кг мешано црвено овошје (вишни, јагоди, капини, малини)
  • 1 литар вода
  • 100 г шеќер
  • 2 пудинзи од ванила или чоколадо
  • Прелив
  • 150 мл вода
  • 100 г шеќер
  • За декорација
  • 2 пакетчиња шлаг крем, приготвен според упатството

Подготовка

Овој колач јас го викам лапни-голтни, така се јади. Многу е лесен и за правење и за јадење. Од овошје може да користите што сакате. Преубав е и со црни сливи или со праски.

Подготовка:
1. Прво припремете го преливот и сварете ги водата и шеќерот околу 15 мин и оставете да се излади.
2. Потоа припремете го бисквитот, изматете ги јајцата со шеќерот, додадете млеко и масло и на крај додадете го просеаното брашно со прашокот за пециво и измешајте убаво со дрвена лажица. Истурете ја смесата во долгнавестата 30 на 40, коперлукс тава на Делимано и ставете да се печи 20тина минути на 180 степени.
3. За тоа време ставете го овошјето со водата и шеќерот да се варат додека овошјето не омекни, околу 20 минути. После на крајот додадете ги разматените пудинзи и убаво измешајте. Филот веднаш ќе се згусни.
4. Откако ќе биди готов пандишпанот, прелијте го со оладениот шербет и веднаш одозгора ставете го филот од овошје кој ќе биди жежок. Оставете да се излади убаво и на крај одозгора ставете ги двата изматени шлага. Ставете го колачот во фрижидер убаво да се излади и потоа е спремен за послужување.

На здравје.