Испечати

Сладоледен чоколаден десерт (без миксер)

Сладоледен чоколаден десерт (без миксер)

Состојки

  • 1/2 литар Млеко
  • 125 гр Шеќер
  • 25 гр Густин (нишесте)
  • 25 гр Брашно
  • 25 гр Какао
  • 1 Ванила
  • 25 гр Путер (маргарин)
  • 50 гр Чоколадо (млечно) - може и за готвење.

Подготовка

Необичен начин на подготовка на овој вид на сладолед, во случајов без јајца, без слатка павлака, без кондензирано млеко, без употреба на миксер. Подготвен за 15-на минути, не сметајки го времето на ладење и замрзнување.

Подготовката е на следниот начин -

1. Во подлабок сад ги ставаме млекото, шеќерот, густинот, брашното, какаото и ванилата. Мешаме убаво да се соединат состојките, па оваа смеса ја префрламе преку цедалка во тенџере. Смесата ја згуснуваме (густина како пудинг) на средна температура со постојано мешање со рачна маталка, односно додека не зоврие.
2. Потоа го додаваме путерот - мешаме да се стопи. Го додаваме и чоколадото - мешаме да се стопи.
3. Тенџерето го тргаме настрана и добиената смеса ја префрламе веднаш во сад со облик по желба (обложен со стреч фолија). Покриваме и одозгора со стреч фолијата.
4. Оставаме на собна температура да се излади сладоледот.
5. Потоа го ставаме во замрзнувач околу 6 часа. (во зависност од големината на садот, времето може да биде пократко или подолго)
6. Кога ќе го извадите од замрзнувач (ако стоел подолго време, на пример преку ноќ) оставете го 5 минути на собна температура, па сечете парчиња со големина по желба.

Забелешка - од оваа доза мене ми испадна еден калап со сладолед (како на сликата).

На здравје!