Испечати

Тарт со бело чоколадо и рибизли

Тарт со бело чоколадо и рибизли

Состојки

  • 300гр мелени бисквити
  • 150гр стопен путер
  • 250г рибизли
  • 200гр бело чоколадо
  • 250гр маскарпоне
  • 150мл слатка павлака
  • 80гр шеќер
  • малку сок од лимон
  • пола кесичка желатин (5гр)

Подготовка

Подготовка:

1. Стопениот путер и бисквитите ги мешаме убаво и ги натапкуваме на дното од калап за тарт.
2. Рибизлите ги ставаме во мало тенџере, на оган, со шеќерот и сокот од лимон. Готвиме кратко колку да омекнат, миксираме со рачен блендер. Оставаме да се олади малку, па додаваме растопен желатин.

3. Го истураме добиеното пире од рибизли, во калапот, врз подготвената основа од бисквити и израмнуваме. Го враќаме калапот во фрижидер.
4. Белото чоколадо искршено на помали парчиња заедно со маскарпонето ги ставаме во микро да се стопат заедно. Вадиме и промешуваме на секои 30 секунди до целосно растопување.
5. Слатката павлака ја матиме кратко во посебен сад (не треба да е целосно изматена). Ја додаваме во смесата од чоколадо и маскарпоне и убаво мешаме. Филот го истураме во калапот врз пирето од рибизли.

Треба да остои минимум 4 часа во фрижидер. Тартот е брз и лесен за правење, белиот фил е совршено сладок и кремаст, а тенкиот слој рибизли дава дискретна киселкава нота.
На здравје!