Испечати

Чоколаден колач без брашно

Чоколаден колач без брашно

Состојки

  • 150г темно чоколадо
  • 70г путер
  • 4 јајца
  • 150г шеќер
  • 20г какао + за декорација
  • прстофат сол

Подготовка

Подготовка

1. Чоколадото и путерот ги топиме на пареа. Оставете ја смесата да се олади малку.
Четири жолчки ги додаваме во делумно оладеното чоколадо и путер и мешаме со жица. Додаваме 20г просеано какао прав и прстофат сол и мешаме добро.
2. Белките ги матиме во посебен сад со шеќерот. Кога ќе добиеме црврст снег од белки, дел по дел ги додаваме во смесата со чоколадо.
3. Печеме во намрсен калап за печење (15цм) во загреана рерна на 180 степени, околу 30-35 минути. Може да делува малку недопечен, но кога ќе се олади ќе биде таман. Откако ќе се извади од рерна нека постои во калапот уште 10тина минути, па потоа извадете го од калап и кога ќе се олади целосно поросете со какао.
4. Колачот во текот на печењето ќе нарасне многу, но по вадењето од рерна ќе спадне и ќе испука. На изглед не е најубавиот колач, но вкусот е феноменален.

За поголема количина правете дупла доза и печете во калап од 23цм.
На здравје!