Испечати

Торта со мед (Медовик)

Торта со мед (Медовик)

Состојки

  • 130 гр путер
  • 100 гр мед
  • 100 гр шеќер
  • 550 гр брашно
  • 3 јајца
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • маку ванила
  • 350 гр кисела павлака
  • 50 гр шеќер во прав
  • 180 мл слатка павлака
  • 20 гр мед

Подготовка

Подготовка:

1. Путерот, шеќерот и медот ги растопуваме заедно на пареа. Јајцата ги матиме со вилушка во посебен сад и кога путерот е целосно стопен ги додаваме јајцата и сода бикарбона. Мешаме убаво и потоа, дел по дел, го додаваме брашното (претходно просеано) и ванилата.

2. Формираме тесто кое го делиме на 8 еднакви делови. Секој дел го расукуваме во тенка кора со иста големина. Може да се пресече со калап или да се мери со чинија, за да бидат сите кори иста големина. Корите ги боцкаме со вилушка и ги печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 5 минути. Вишоците од тестото што остануваат, кога ја сечеме кората, ги печеме заедно со корите.
3. За филот ги мешаме павалаката, шеќерот во прав и 20г мед со жица. Слатката павлака ја матиме кратко (не целосно) во посебен сад и потоа ја додавме во садот со кисела павлака. Мешаме убаво. Потоа редиме, ред кора, ред фил. Кога ќе ги потрошиме сите кори ја филуваме целата торта.
4. Остатоците што ги испековме ги ситниме во блендер или сецко и ги лепиме со раце врз филот од сите страни.
На здравје!