Смути со маракуја и спирулина
Состојки
- 1 маракуја
- 1/2 лажиче спирулина во прав
- 3 лажици овесни снегулки
- 1лажиче мелено ленено семе
- 1лажица чиа семенки
- 2 лажици грчки јогурт
- 200 мл бадемово млеко
Подготовка
Одличен вкус, една свежа летна нота, во утринскиот појадок.
Подготовка:
1. Ставете ги сите состојки во нутрито.
2. Маракујата пресечете ја на половина и со лажиче извадете ја внатрешноста.
Додадете ја во нутрито. Сипете го јогутрот и млекото, па потоа спирулината.
3. Измиксајте. Сипете во чашка и веднаш конзумирајте.
Ова е мојот предлог кој се надевам ќе ви се допадне.
На здравје.