Болоњезе со тиквички и морков
Состојки
- 2 тиквички
- 2чешниња лук
- 2 моркови
- 1 кромид
- 400 гр мешано мелено месо
- 400 гр доматно пире
Подготовка
Подготовка:
1. Во сецкото исецкајте ги кромидот, лукот и морковот. Во тава на оган, запржете ги на масло, па кога се готови додајте го меленото месо. Пржете убаво, па додајте го доматното питре. Оставете нека преврие убаво.
2. Во друг сад на оган ставете вода со една лажичка сол. Кога водата ќе зоврие ставете ги тиквичките кои претходно сте ги исекле на кругови. Поклопете со капакот и оставете некое време да се поварат. Многу малку им треба на тиквиците, за да се готови. Прецедете ја водата со помош на цедалка, па помешајте ги со смесата од меленото месо.
По вкус зачинете со сол и црн бибер по вкус.
На здравје.