Пица-бурек (со готови кори)
Состојки
- 500 гр Готови кори
- 200-250 гр Кашкавал (рендан)
- 200-250 гр Шунка (рендана)
- 1 ќесенце Саламурени шампињони
- по потреба Ќечап
- по потреба Оригано
- Течност за прскање на корите
- 200 мл Газирана вода
- 100 мл Масло
- пола м.л. Пециво
Подготовка
Одличен појадок послужен со чаша јогурт.
Подготовка -
1. Во намрсено тавче број 28 ставаме 3 кори, на кои краевите им висат нанадвор, потоа со нив ќе ги преклопиме останатите кори. Од вкупниот број на кори тргаме 2 настрана, кои се ставаат на крај.
2. Преостанатите кори нека стојат отворени една врз друга. Најгорната ја прскаме убаво насекаде од течноста, ја згужвуваме и ја ставаме врз првите 3 кори. На неа ставаме кечап, оригано и печурки. Врз неа истотака ставаме друга кора испрскана со течноста и згужвана, па ставаме од ренданиот кашкавал и шунка. Продолжуваме на истиот начин до крај.
3. Завршуваме со последните две кори, кои ги тргнавме настрана (и нив прво ги прскаме насекаде со течноста, па згужвани ги ставаме во тавчето).
4. Преклопуваме со краевите на првите 3 кори. Останатата течност ја ставаме одозгора врз формираниот бурек.
5. Печеме во загреана рерна на 180 степени до заруменување.
На здравје!