Ред велвет чизкејк
Состојки
- 300г мелени орео колачиња
- 100г стопен путер
- 400мл слатка павлака
- 500г крем сирење (собна температура)
- 120г шеќер во прав
- 1 лажичка какао
- Црвена боја (пожелно гел)
Подготовка
Подготовка
1. Мелените орео колачиња ги мешаме со стопениот путер и смесата ја натапкуваме во калап за чизкејк (20цм).
2. Слатката павлака ја матиме.
3. Во посебен сад ги матиме крем сирењето и шеќерот во прав. Додаваме какао и црвена боја. За да се добие силна црвена боја, неопходно е да се стави какао и се користи поголема количина боја, најдобро гел.
3. Ја додаваме изматената слатка павалака во смесата со крем сирење и мешаме убаво. Вака добиениот фил го додаваме во калапот врз подготвената основа.
Јас декорирав со смеса од путер (30г), крем сирење (60г) и шеќер во прав (120г).
Треба да отстои во фрижидер минимум 6 часа.
На здравје!