Испечати

Пилешко со соја и сусам на скара

Пилешко со соја и сусам на скара

Состојки

  • 250гр пилешки стек
  • 1/2 сок од лимон
  • 2 лажици соја сос
  • 1 белка од јајце
  • 2 лажици сусам
  • 1лажица крупно мелен црн кумин

Подготовка

Подготовка:

1. Во сад ги помешуваме белка од јајце, лимон и зачини. Матиме со маталка или вилушка. Додаваме соја сос.
2. Пилешкото го чистиме и го чукаме на потанки ленти. Го помешуваме во маринадата и го превртуваме од сите страни. Оставаме малку да постои внатре, а потоа, на загреана скара, редиме парче по парче.
Во зависност од тоа каде го спремате, на каква скара, така и ќе ја промени бојата.
3. При печењето, многу е важно, месото да биде добро налепено со маринадата и сусамот со куминот да остане на мевцето.
Сервирајте со разновиден зеленчук, а како сос би ви го препорачала кари сосот.
Нека ви е слатко.